Грчките блогови денеска објавија фотографии од воведниот меч на ЕП помеѓу Полска и Грција, на кои се наоѓа сонцето од Кутлеш и транспаренти „Македонија е грчка земја“.
Грчките навивачи во петокот ја бодреа нивната репрезентација против домаќинот Полска, во меч кој заврши без победник 1:1.
Како што пренесува Канал 5, грчките блогови со гордост ги објавија фотографиите со коментари:
„Еве како се брани репрезентацијата“, „Браво за грчките навивачи на нашата репрезентација кои гласно викаа за нашата Македонија дека е една и единствена – грчка“
Засега нема ниаккви реакции од организаторот на првенството.