Tuesday 12 June 2012
Времето Утре : Пеколно!
Categories :
Топлотен бран: Денеска до 36 степени, утре пожешко
Топлотниот бран што ја зафати државава, десетина дена пред календарски да почне летото, утре ќе ја искачи живата во термометарот до 36 степен Целзиусови.
У-ве индексот ќе биде многу висок со вредност 9, поради што се препорачува непотребно да не се излегува од дома во периодот од 11 до 16 часот.
Благо намалување на температурите од три степени се очекува од четврток.
„Претпладнето низ цела Македонија преовладуваше сончево и топло време. Во Скопје се измерени 32 степени Целзиусови, а релативната влажност на воздухот е 54 проценти. До крајот на утрешниот ден ќе преовладува сончево и топло време и ќе дува умерен до слаб ветер од западен и југозападен правец. Највисоката температура денеска се очекува да биде во интервал од 30 до 36 степени. Во скопската котлина слично време со температура до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има висока вредност и ќе изнесува 9. И за утрешниот ден не се очекува промена на времето, ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Благо опаѓање на температурата за два до три степени се очекува за в четврток и петок, а потоа повторно ќе има затоплување за време на викендот и почетокот на следната недела “, велат од УХМР. Следете не на Фејсбук!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)