Во струмичкото село Смоларе, синоќа околу 20 часот, М.С.(35) ја удрила неколку пати Вера Ц. (76) во пределот на главата, нанесувајќи и смртоносни повреди.
Откако М.С. забележала како Вера Ц., од истото село, со која имала нарушени меѓусебни односи, влегува во куќата на нејзината соседка Д.Н.(91), зела метален предмет-косер и насилно влегла во куќата, по што со металниот предмет и со бекатон тула ја удрила неколку пати.
По ова, М.С. физички ја нападнала и Д.Н. нанесувајќи и повеќе телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, телото на починатата е предадено за обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.